Top Sport

Руски е-спортс тим доби 18.2 милиони долари на „Дота 2“ шампионатот

Рускиот тим „Тим Спирит“ е шампион во „Дота 2“ е-спортс тунрирот, освојувајќи неверојатни 18.2 милиони долари по победата над тимот „ПСГ:ЛДГ“ во финалето.

„Духот“ поведе со 2:0, но противничкиот тим, инаку поврзан со францускиот фудбалски гигант Пари Сен-Жермен се бореше до крај за на крајот да загуба со 3:2. Тие ќе однесат дома 5.2 милиони долари, додека третопласираниот „Тим Сикрет“ освои 3.6 милиони долари.

По групната фаза на турнирот од 18 тимови, кој се играше во „Националната арена“ во Букурешт, Романија, најдобри беа петчлениот тим составен од Русите Јарослав Најденов (Мипошка), Магомед Халилов (Колапс), Александер Хертек (Торонтотокио) и Украинците Мирослав Колпаков (Мира) и Иља Муљарчук (Јаторо).

„Не знам што да кажам, не знам дали ќе ја браниме титулата. Можеби ќе се пензионираме имаме голема награда. Има ли смисла да играме ‘Дота’ повеќе“, вели Најденов.

Scroll to Top