Реал Мадрид сигурно нема да верува во суеверието дека бројот 13 е несреќен, откако „кралскиот клуб“ уште еднаш докажа дека е владетел на Лигата на шампиони, победувајќи го Ливерпул со 3:1 во големиот меч во Киев.
Креатор на победата беше навистина неочекуван – фудбалерот кој речиси цела сезона беше критикуван поради своите чести повреди и слабите игри, Велшанецот Герет Бејл. „Магичниот“ Бејл влезе во игра во 61. минута, а веќе во 64. постигна еден од најубавите голови во историјата на финалињата на ЛШ, за да ја обезбеди големата победа за Реал. Ако тоа не беше доволно во 83. минута Бејл успеа да искористи уште една лоша интервенција на Лорис Кариус за да зголеми на 3:1
Former Spurs star, Gareth Bale. pic.twitter.com/ohHYhcemss
— Andrew Hammond (@ahammsportsgeek) May 26, 2018
Претходно, имаше многу драма и обвинувања за не-фер однос. Клучниот момент за англискиот клуб, секако, дојде во првото полувреме, кога Мохамед Салах, апсолутниот херој на Ливерпул оваа година, мораше да излезе надвор од теренот по незгодната (некои би кажале и не-фер) интервенција на Серхио Рамос. Несреќата ги посака и во „Лос бланкос“, откако Зинедин Зидан мораше да направи замена во 37. минута, кога Карвахал се повреди и на неговото место дојде Начо Фернандез.
And @SergioRamos came to the game with the hand-breaker wrestling tactic. Now @MoSalah will watch like me. SAD. @LFC get a wrestler in too for @Cristiano and make the game great again. #UCLfinal pic.twitter.com/4wLWVnWstP
— Williams O’zina (@Williams_chi) May 26, 2018
Ако првото полувреме донесе израмнета игра и малку вистински шанси за гол, во второто, ситуацијата „експлодираше“. Германскиот голман на Ливерпул, Лорис Кариус му „подари“ гол на Карим Бензема во 51. минута од мечот, во грешка каква што ретко се гледа на големите мечеви.
Ливерпул се понадеваа дека го надминаа овој проблем, откако во 55. минута, одличниот Садио Мане израмни на 1:1.
Тогаш на сцена стапи Бејл. Само три минути откако влезе во игра, на нафрлената топка на Марсело, Бејл постигна фантастичен гол со ножички за да го „убие“ духот во играта на противникот.
Во 83. минута, Бејл стави точка на натпреварот, повторно на „сметка“ на несреќниот Кариус, кој не успеа да го исконтролира неговиот силен удар, и тој заврши во мрежата на Ливерпул.