Ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Нејмар ќе го пропушти мечот против РБ Лајпциг во Лигата на шампионите, откако заработил нова повреда играјќи за Бразил во мечевите против Колумбија и Уругвај во квалификациите за Мундијалот во 2022 година.
Бразилецот го одигра целиот меч против Уругвај во четвртокот, по што во петокот не настапи за ПСЖ на мечот против Анжер и клубот потврди дека 29-годишниот Нејмар има повреда на стомачкиот мускул.
За ПСЖ подолго време во аут се и Леандро Паредес и Серхио Рамос, додека Анхел ди Марија нема да може да настапи поради жолти картони. ПСЖ се први на табелата во групата А по ремито со Бриж и победата од 1:0 над Манчестер сити.
Нејмар оваа сезона има постигнато само еден гол за ПСЖ.