Top Sport

Њујорк никс остануваат највредниот НБА тим

Њујорк никс седма година во низа се највредниот тим во НБА лигата, потврди годишната листа на магазинот „Форбс“. Никси, кои имаат само една победа во плеј-оф серија од 2000, и последен пат беа НБА шампиони во 1973 година, вредат 5.8 милијарди долари, зголемување од 16 отсто во споредба со минатата година.

Во топ 5 клубови се и Голден Стејт вориорс (5.6 милијарди долари), Лос Анџелес лејкерс (5.5 милијарди долари), Чикаго булс (3.6 милијарди долари) и Бостон селтикс (3.5 милиони долари). Ова е првпат од следењето на финансиите на НБА тимовите од страна на „Форбс“, три клуба да вредат над 5 милијарди долари.

И покрај тоа што поради пандемијата на КОВИД-19, мечевите се играа без публика во сезоната 2020/21, вредноста на просечен НБА тим порасна за 13 отсто поради рекордните спонзорски договори и големите очекувања од следниот ТВ-договор на лигата.

Интересно, НБА шампионите, Милвоки бакс се само 17. највреден клуб со 1.9 милијарди долари, што претставува пораст од 17 отсто.

Scroll to Top