Еден Азар, нема да биде во комбинација за вечерашниот натпревар на Реал против Шахтјор, во Лигата на шампионите. Азар, најавен како големо засилување и човек кој требаше да го надомести заминувањето на Кристијано Роналдо, полека се претвора во едно од најлошите засилувања во историјата на „кралскиот клуб“.
„Азар е уморен. Не е повреден, мускулите му се премногу оптоварени“, рекол тренерот на Реал, Карло Анчелоти и дополнил.
„Најмногу вознемирен е Еден. Мислам дека ќе може да игра со Барселона или Осасуна“.
Еден Азар од почетокот на сезоната има одиграно седум натпревар за Реал, ни во ниту еден од нив не бил на теренот во текот на целиот натпревар.