Top Sport

Тројца од Барса ќе го пропуштат Ел Класико

Барселона со големи кадровски промени влегува во наредните два натпревари, против Динамо Киев во Лигата на шампионите и Реал Мадрид во Примера.

Во тимот на Роналд Куман, на овие натпревари ќе ги нема Усман Дембеле, Роналд Араухо и Педри.

Демебле е повреден од финишот на минатата сезона и тој сигурно немаше да биде во комбинација за овие два важни натпревари. Проблем за Куман се Араухо и Педри, нивната рехабилитација не оди според планот.

Лекарскиот тим на Барселона ен сака да ризикува со овие двајца.

Барса утре ќе го пречека Динамо во клучниот меч за нив во Лигата на шампионите. Каталонците по поразите од Баерн и Бенфика, мора да победат доколку саката да се надеваат на пласман во нокаут рундата.

Во Ел Класико, тимот на Куман ќе треба да покаже дека победата над Валенсија не била случајност.

Scroll to Top