На крајот од наредниот месец ќе биде доделена Златната топка на Франс фудбал. Најголем фаворит е Роберт Левандовски, Французите се кренаа во лобирањата за Карим Бензема, а не мал бројот на оние кои сметаат дека освојувачот на Лигата на шампионите и Европското првенство, Жоржињо треба да ја грабне престижната награда.
Покрај Левандовски, Жоргињо и Бензема, во најтесниот круг се и неизбежните Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
На оваа тема се огласи поранешниот фудбалер Антонио Касано, кој е познат по своите жестоки коментари.
Тој му одоговри на менаџерот на Роналдо, Жорж Мендеш, кој рекол дека Роналдо не само што е најдобриот оваа година туку е најдобриот во историјата на фудбалот.
„Доста правите драми. Дали е Кристијано најдобриот фудбалер во историјата? Тој не е ни во најдобрите петмина. Сметам дека пред него се Меси, Пеле, Марадона, Кројф и Роналдо феноменот од Бразил кој друга димензија“, рекол Касано за „Бобо ТВ“, кој го има поранешниот италијански репрезентативец Бобо Виери на „Јутјуб“.