Челниците на Барселона го губат трпението со Усман Дембеле. Францускиот фудбалер добил ултиматум до кога треба да се изјасни за новиот договор.
Усман Дембеле е под договор со Барселона до крајот на сезоната. Досега не одговорил на ниту една од понудите од клубот.
Клупските челници, според пишувањата на локалните медиуми, сметале дека Дембеле покажува непочитување кон клубот. Ги одолговлекувал преговорите и покрај тоа што речи пола од актуелниот договор минал по болници, поради разните повреди.
Дембеле треба да се изјасни до крајот на месецов. Во случај да ја одбие и последната понуда клубот, ќе се пресели на трибините, а Барселона ќе се обиде да го продаде во јануари.
„Дембеле ги убедува луѓето дека сака да остане, а во исто време во клубот доаѓаат информации за неговите состаноци со претставници на Манчестер јунајтед и Јувентус. Барселона во него вложи многу пари не сака повеќе да го губи трпението со него“, пишува каталонски „Спорт“.
Усман Дембеле до трансферот на Филипе Кутињо беше најскапиот играч во историјата на Барселона. Пред четири години клубот за неговиот трансфер на Борусија Дортмунд и плати 135.000.000 евра.