Ферари се подготвени следната сезона да се борат за титулата, откако имаат „храбар“ концепт за болидот за 2022 година.
Следната година се случуваат најголемите промени во правилата во Ф1 во последната деценија и многу тимови се надеваат дека со своите дизајни можат да направат изненадување. Ферари, веќе признаа дека оваа сезона е „отпишана“ и дека целиот фокус е кон следната сезона.
Италијанскиот новинар Џулијан Дукеса, познат како „инсајдер“ во Ферари вели дека болидот ќе биде со многу „авангарден“ дизајн.
„Предното крило/носот на болидот веќе е дефиниран и е многу различен од тој кој го покажаа Либерти медија во Силверстоун. Комплетиран е дизајнот на резервоарот, шасијата и суспензијата, и сите податоци од симулаторот се многу позитивни. Во Маранело пристигнаа нови специјалисти за дизајн, за да се работи на секој детаљ. Никој не знае дали Ферари 674 ќе биде брз болид за победи, но во Ферари очекуваат могу“, вели Дукеса.