Оле Гунар Солскјер добил зелено светло да го „скрати“ својот тим за пет играчи веќе во јануари, во обид да се „сврти“ сезоната, тврди британскиот таблоид „Сан“.
Солскјер е под огромен притисок да донесе трофеи оваа сезона, откако клубот потроши многу пари да ги донесе Кристијано Роналдо, Рафаел Варан и Џејдон Санчо, но во моментов се на само шестото место во Премиерлигата со 4 победи во 8 меча.
По шокантниот 4:2 пораз од Лестер, „Сан“ тврди дека Солскјер побарал дозвола за ново „реновирање“ на тимот кое ќе започне со продажба на пет фудбалери – Дони ван де Бек, Фил Џонс, Антони Марсијал, Виктор Линделоф и Џеси Лингард.
Линделоф беше критикуван за својот лош натпревар со Лестер, каде што беше стартер бидејќи Варан е повреден, Ван де Бек повторно остана на клупата со тврдење дека Солскјер воопшто не го цени Холанѓаецот. Марсијал подолго време не ги исполнува очекувањата, 29-годишниот Џонс нема одиграно ниту еден меч оваа сезона и работи со У-23 тимот, додека Лингард и покрај враќањето во форма по позајмицата во Вест хем, ја нема довербата на тренерот.