Филаделфија Севентисиксерс го совладаа тимот на Њу Орлеанс Пеликанс со 117-97 во воведното коло од новата сезона во НБА лигата. Најголемо внимание предизвика Зајон Вилијамсон кој воопшто не ни настапи на натпреварот.
Тој во НБА беше најавен како наследникот на Леброн Џејмс, но прекумерната тежина што ја има предизвика постојано да има проблеми со повредите.
Наместо во текот на летото на ослабне и да постигне одлична форма пред почетокот на новите предизвици, тој стана најтежок досега – цели 136 килограми, дури 9 повеќе од периодот кога играше во НЦАА лигата.
Првиот пик на драфтот од пред 3 години засега не е познато кога ќе се врати на терените откако се рехабилитира од повредата на стапалото. Неговата годишна заработка е 10 милиони долари.
Многумина забележуваат што тој наместо да заработува од рекламирање на спортска опрема, соработува со фирма за производство на газирани пијалоци.
First game fits ?#UltaDrip pic.twitter.com/eO2n7NGV9d
— New Orleans Pelicans (@PelicansNBA) October 20, 2021
MJ’s competition vs. LeBron’s competition pic.twitter.com/keTadDEjZk
— Miguel Jordán (@PettyAirJordan) October 16, 2021