Top Sport

Навивачите ги построија играчите на Рома

Навивачите на Рома ги построија играчите по катастрофалниот поразот од Бодо Глимт, во Конференциската лига.

Рома, синоќа на северот на Норвешка, доживеа еден од најтешките порази (6:1), во европските купови.

Натпреварот во Норвешка го следеа околу 400 навивачи на Рома, кои минаа 3.000 километри.

По завршувањето на натпреварот, играчите застанаа пред трибината на која беа навивачите, со намера да се извинат за лошата игра, а капитенот Лоренцо Пелегрини им го понуди својот дрес.

Тие му го вратија дресот на капитенот, а потоа пет минути со разни пцовки ги навредуваа играчите.

Влудоневиден од оваа стиуација беше Тејми Ејбрахам, кој летово пристигна во Рома за 40 милиони евра. Ејбрахам кој дојде од Премиер лигата, ќе мора да се навикне на вакви навивачи испади.

Scroll to Top