Францускиот суд објави дека на 24 ноември ќе ја донесе одлуката дали Карим Бензема ќе оди во затвор за уцена на својот поранешен соиграч од француската репрезентација, Матју Валбуена, во случај кој се влече повеќе години.
Бензема е еден од петте обвинети за наводната уцена околу секс-лента на Валбуена, во случај кој го потресе францускиот фудбал, а по три дена сослушување и барањето на обвинителот Бензема да добие казна од 10 месеци условен затвор и 75.000 евра, одлуката ќе биде донесена на 24 ноември. Бензема наводно бил посредник во договарањето Валбуена да исплати пари на луѓето за да не се објави снимката.
Скандалот тогаш го чинеше Бензема место во француската репрезентација, и беше во „егзил“ кој траеше до оваа година, кога селекторот Дидие Дешам го врати во тимот пред Европското првенство.