Top Sport

Маркез: Роси е великан, но односите меѓу нас никогаш нема да се добри

Поранешниот Мото ГП шампион, Марк Маркез признава дека најверојатно навивачите на трката во Мизано овој викенд ќе бидат непријателски настроени кон него поради нетрпеливоста со нивната легенда Валентино Роси, но вели дека нема желба да го смени односот со „Докторот“, кој се повлекува на крајот на сезоната.

„Секако, тоа што Валентино го направи во Мото ГП и неговите спортски успеси се навистина посебни. Не верувам дека некој ќего повтори тоа, бидејќи тој беше првиот кој победуваше толку многу. Тој направи многу за спортот, привлече многу луѓе во Мото ГП и мораме да бидеме благодарни за нив. И следната година ако не вози, патеките ќе продолжат да бидат негови. Зошто? Бидејќи имаше успешна и уникатна кариера, посебно во медиумите. Знаете дека мојот однос со него не е најдобар и немам проблем да го признам тоа како реалност. Искрено, не бевме директни ривали во последните години. Не е до мене да ги менувам односите и искрено не ми е многу грижа“, изјави Маркез.

Главната причина за непријателството, секако е борбата за титулата во 2015 година, кога Роси го обвини Маркез дека му помага на шпанскиот сонародник и колега на Роси, Хорхе Лоренцо. Роси водеше од стартот на шампионатот, но Лоренцо се доближи на 11 поени на две трки пред крајот. На трката во Малезија, Маркез се тркаше со Роси откако испадна зад Лоренцо, по што Роси го клоцна својот ривал во потег кој беше клучен за титулата – тој доби казнеи поени и старт од последното место на трката во Валенсија.

Од последното место на таа трка, тој стигна до четвртото место, но Лорецо победи и ја освои титулата со пет поени предост. Роси сметаше дека Маркез и Дани Педроза намерно не се обидувале да се тркаат со Лоренцо на врвот.

Пред неколку дена, Грацијано Роси, таткото на Валентино, кој секогаш го следеше својот син на натпреварувањата, во интервју за „Ла газета дело спорт“ зборуваше за тоа кого најмногу мрази од ривалите на неговиот син.

„Најомразениот? Па, морам сериозно да го посочам Маркез. Неговиот карактер на крајот се покажа. Кога нема професионализам во спортот, кога се нема вкус за стил и за работа со почитување на противникот, тоа навистина е можам да го поднесам“, изјави Грацијано Роси.

Scroll to Top