Антонио Кандрева постигна два гола (од кои едниот беше запишан како автогол) за да ги предводи Сампдорија до 2:1 победа над Специја, само втор триумф за клубот од Џенова во новата сезона.
Во 15. минута од мечот, ударот на Кандрева беше пренасочен од Емануел Гјаси за 1:0, за во 36. минута, голот несомнено да му припадне на 34-годишниот Италијанец, за кого ова е трет гол во новата сезона. Даниел Верде во 95. минута даде гол за Специја, но немаше време за пресврт.
Сампдорија сега е на 13. место со 9 освоени бодови, додека Специја е на 17. место со 7 поени.
Standings provided by SofaScore LiveScore