Во првите два саботни натпревари од 10. коло во шпанската Ла Лига домашните тимови немаа голема причина за задоволство.
Предмалку Кадиз на домашен терен беше поразен од тимот на Алавес во дербито на дното, со 2-0.
Стрелец на двата гола за освојување на трите бода за гостите беше Жоселу во 6-тата минута од пенал и во 91. минута за ставање точка на триумфот на својот тим.
Претходно, Мајорка беше речиси со трите бода „в џеб“ откако до 93 минута имаа предност од 2-0 со голот на Анхел во 32 минута и автоголот на Диакаби во 38 минута.
Сепак, најпрво во 93 минута Гуедеш намали на 2-1, а голем бод за „лилјаците“ спаси Гаја во 98 минута.
И двата тима по денешното коло остануваат во средината на табелата.