Пред утрешното премиерлигашко дерби Манчестер Јунајтед – Ливерпул, првата ѕвезда на „црвените ѓаволи“ во ексклузивно интервју за „Скај Спортс“ порача дека ќе ги замолчи критичарите и ќе покаже поради што е дојде во Манчестер.
Од почетокот на сезоната веќе постигна 6 гола во сите натпреварувања, од кои посебно важни беа погодоците во ЛШ, против Вилјареал и Аталанта.
Сепак, тој уште од стартот е мета на критичарите дека не помага во одбраната и не помага во одбраната.
„Знам кога на тимот му е потребна моја помош во дефанзива. Мојата улога е да донесам победа, играта во одбрана е само дел од мојата работа. Имам 36 години, освоив се. Мирно спијам. Ќе продолжам да работам и ќе им ја затнам устата на сите“ вели Роналдо.
Од почетокот на сезоната „црбените ѓаволи“ играат во променлива форма.
„Клубот врши промени, ме купија мене, Варан, Санчо. Потребно е прилагодување. Чекор по чекор. Битно е работите да ги освојуваме заеднички, не индивдуално. Мислам дека тоа е можно. Секој треба да има своја улога. Критиките се секогаш дел од работата, не ме загрижува тоа. Најважно е што јас сум се уште среќен и уживам во фудбалот. Ова е мое ново ппоглевје. Тука сум да му помогна на Манчестер да победува“ вели Португалецот.
? "I know my role in the team."
Cristiano Ronaldo says he has been brought back to #MUFC to score goals and use his experience to help develop the club’s younger players ?pic.twitter.com/qZsohA3PMF
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) October 23, 2021