Во тимот на Ред Бул веруваат дека ќе ги продолжат договорите со своите возачи, Даниел Рикијардо и Макс Ферстапен до крајот на 2020 година по многубројните шпекулации околу нивната иднина.
Тимовите се подгтотвуваат за „мешаница“ на пазарот на возачи на крајот на следната година, кога голем број на возачи остануваат без договор – Рикијардо, Фернандо Алонсо и Луис Хамилтон немаат договор за 2019. Рикијардо беше поврзуван со Мерцедес и Ферари, додека Ферстапен подолго време на „листата“ на Мерцедес.
Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер вели дека тие нема да дозволат да им заминат двајцата талентирани возачи.
„Даниел технички е без договор на крајот на 2018, но ќе има нов петгодишен договор. Јасно е дека имаме намера да ги задржиме нашите возачи барем до 2020 година“, вели Хорнер.