Top Sport

Вест хем го „урна“ Тотенхем, Лестер со победа кај Брентфорд

Вест хем продолжува со одличните игри оваа сезона, откако со 1:0 ја прекинаа победничката низа на Тотенхем и се искачија на четвртото место на табелата. Лестер, пак, конечно стигна до две победи едноподруго во Премиерлигата, стигнувајќи до тешко извојувана 2:1 победа кај новиот прволигаш, Брентфорд.

Човек на одлука на „Лондон стадионот“ беше Мајкл Антонио во 72. минута од мечот по грешката на Хери Кејн за големи три поени за „чеканите“.

Лестер дојдоа до водство со фантастичниот гол на Јури Тилеманс во 14. минута, но Јоргенсен ги врати Брентфорд во игра во 60. минута, пред Џејмс Медисон во 73. минута да донесе триумф за „лисиците“.

ПРЕМИЕРЛИГА, 9.КОЛО

Брентфорд – Лестер 1:2

Вест хем – Тотенхем 1:0

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top