Антонио Конте, наводно, не ја одбил можноста да седне на клупата на Манчестер јунајтед, доколку бордот на „ѓаволите“ реши да го отпушти Оле Гунар Солскјер по катастрофалниот 0:5 пораз од Ливерпул во големото дерби, тврди британскиот „Гардијан“.
Иднината на Солскјер, очекувано, е под знак прашалник, и според британскиот весник неколку фудбалери јавно се прашуваат дали Солскјер е вистинскиот човек за да се оди напред и покрај засилувањата од неколку стотици милиони фунти во неговото тригодишно владеење.
Познатиот новинар на „Скај спортс Италија“, Фабрицио Романо, тврди дека во бордот на Манчестер јунајтед има поделеност околу тоа дали да се продолжи со Солскјер и дека одлуката ќе биде донесена во следните неколку часови или денови.
„Шпекулациите дека Антонио Конте ја одбива понудата од Манчестер јунајтед НЕ се вистинити“, вели Романо, додавајќи дека засега нема официјални преговори.
52-годишниот Конте има искуство во Англија, откако од 2016 до 2018 година беше во Челси, со кои ја освои титулата од Премиерлигата и од ФА купот.
Antonio Conte is open to discussing taking over at Manchester United if Ole Gunnar Solskjær is sacked, as it emerged that several players are questioning whether the Norwegian can take the team any further.
Story: @JamieJackson___ and @FabrizioRomano https://t.co/oNOGRLtEfw
— Guardian sport (@guardian_sport) October 25, 2021