По скандалот на Тур де Франс, каде што невнимателната гледачка доби условна затворска казна откако предизвика огромен судир на велосипедистите, сличен момент ни доаѓа од Кондака Салмор велосипедската трка во Ел Јеро, на Канарските Острови.
На снимката се гледа како велосипедист (чиј идентитет не е откриен), спринтува кон целта по 75 километри тркање, по што една жена излегува директно на патот и се удира во велосипедистот.
Додека жената помина со мали повреди, велосипедистот добил „средна“ повреда на главата и бил однесен во болницата „Нуестра сењора де Лос Рејес“. Локалната полиција отвори кривичен случај за инцидентот.
This lady walked out in front of a cyclist at the Cicloturista Condaca Salmor yesterday. The cyclist suffered a moderate head injury. The woman was severely injured #Crazy #Accident #Injury #Viral #Trending #Bicycle #Cycling #Fan pic.twitter.com/RZbn0bQk8R
— Lukewarm Takes (@LWarmTakes) October 25, 2021