Канадскиот напаѓач Кајл Лерин постигна два гола за да ги предводи Бешикташ до 2:1 камбек победа над Галатасарај во дербито на двата најтрофејни турски клубови, по кое Галата останува далеку на осмото место во Суперлигата.
Тимот на Фатих Терим имаше лош старт на сезоната, но сврза три победи едноподруго пред дербито, и дојде во водство во 35. минута од мечот преку Романецот Александру Чикалдау. Ларин одговори бргу во 39. минута, пред во второто полувреме, во 64. минута да донесе водство за „Орлите“. Галатасарај имаше совршена шанса да израмни во 81. минута кога беше досуден пенал, но замената Мустафа Мухамед не успеа да го реализира.
CİCALDAU UUUUUU ? pic.twitter.com/TCPEOpRQr8
— Kocayıldız ⭐️⭐️⭐️⭐️ GS (@GsKocayildiz) October 25, 2021