Top Sport

Јокиќ доминираше против Јута па се повреди

Денвер Нагетс загубија од Јута Џез 110:122 и останаа без најдобриот играч, Никола Јокиќ. Актуелниот МВП во НБА лигата, се повреди во финишот на првото полувреме.

Денвер Нагетс, дополнително ќе објават за каква повреда се работи. По мечот, тренерот Мајк Мелоун, рекол дека повредата не е сериозна, но дека немал причина да го форсира најдобриот играч.

Јокиќ, против Јута, одигра беспрекорни 15 минути. Постигна 24 поени, промаши само еден шут од поле (8/9, 3/3 за три) и забележа по шест скока и асистенции.

Уште двајца играчи на Денвер постигнаа 20+ поени, Вил Бартон (20) и Ерон Гордон (20 поени, 7 скока).

Јута ја предводеа Руди Гобер со 23 поени и 16 скокови, односно Донован Мичел со 22 поени.

Scroll to Top