Top Sport

Толисо без обесштетување ќе го напушти Баерн

Корентан Толисо, на крајот од сезоната, како слободен играч ќе го напушти Баерн Минхен. Францускиот репрезентативец, во Минхен се пресели за 40 милиони евра во 2017 година од Олимпик Лион.

Престојот на Толисо во Минхен го обележаа честите повреди. За неполни пет сезони тој има одиграно само 101 натпревар. Повреден е и на почетокот на оваа сезона, поради што на теренот бил само 149 минути.

Баерн се обидоа да го продадат во летниот преоден рок, меѓутоа никој не сакаше да плати обесштетување за него од причина што по завршувањето на сезоната ќе биде слободен играч.

„Калчомеркато“, пишува дека наредното лето, Толисо, ќе бира помеѓу Јувентус, Тотенхем, Интер, ПСЖ и Атлетико Мадрид.

Во кариерата, Толисо има одиграно 27 натпревари за Франција, од кои пет на Мундијалот во Русија, кога Франција стана светски првак.

Scroll to Top