Врие во Манчестер јунајтед по дебаклот од Ливерпул. На англиската јавност не и е јасно зошто клубот не му врачил отказ на Оле Гунар Солскјерс. Норвежанецот, вчера одржал состанок со играчите, тој прв се појавил и последен заминал од тренинг-центарот.
„Тајмс“ открива дека на состанокот било бурно. На фудбалерите не им било јасно зошто Солскјер не го менува тимот, кога резултатите покажуваат дека тоа треба да го направи.
Не им било јасно зошто Лингард, кој е во добра форма, не добива шанса или зошто Дони ван де Бек е закован за клупата за резерви.
Атмосферата се вжештила и кога еден од фудбалерите прашал зошто Хари Мегваер, по само шест месеци во клубот ја добил капитенската лента.
Најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, во Јунајтед дојде во летниот преоден рок во 2002 година, за 87 милиони евра, а во јануари 2021 Солскјер му ја додели капитенската лента.
Одбраната со која командува капитенот Мегваер прими 11 гола на последните три натпревари.
Дел од играчите сметаат дека капитен треба да биде некој со долг стаж,, Дави Де Хеа или Маркус Рашфорд.