Пред доделувањето на најелитната индивидуална награда во фудбалот, „Златната топка“ на 29 ноември, на социјалните мрежи се тврди дека е „протечен“ конечниот распоред по кој Роберт Левандовски, конечно, на 33 години ќе стане освојувач.
На фотографијата со датум од 25 октомври, кој наводно е од „Франс фудбал“, се покажува ранкингот на кој полскиот напаѓач на Баерн е на првото место пред Лео Меси и Карим Бензема. Исто така се покажува дека тој добил 627 поени од 176 гласачки нации, пред Меси (чиј резултат не се гледа) и Карим Бензема со 526 поени. На Левандовски лани му избега „Златната топка“, откако организаторите „Франс фудбал“ решија да не ја доделат наградата.
Зад ова трио во топ 10 се и Мохамед Салах, Жоржињо, Килијан Мбапе, Н’Голо Канте, Ерлинг Халанд, Кристијано Роналдо и Кевин де Брујне.