Top Sport

Инс контра Солскјер: На човек кој испадна со Кардиф му го давате најголемиот клуб на светот

Поранешниот фудбалер од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Инс е еден од тие кои сметаат дека времето на Оле Гунар Солскјер како менаџер на „ѓаволите“ треба да дојде до крај, велејќи дека не му е јасно како тој воопшто ја добил работата во најголемиот клуб на светот.

Инс е сигурен дека Солскјер нема да може да ја „сврти“ ситуацијата во негова корист.

„Не можете менаџер кој испадна од лигата со Кардиф, потоа отиде во Молде, да дојде во најголемиот клуб на светот и да направи систем кој ќе ги предизвика најдобрите клубови на светот со тој тим кој го има. У-23 тренерот, Киеран Меккена дојде од академијата. Мајкл Керик нема тренерско искуство, Мики Фелан, навистина не знам што прави во тимот. Тоа е неговиот тим, неговиот тренерски тим. Со фудбалери од светска класа во тимот, немате тактика. Дали воопшто работат на одбраната? Знаат ли каде треба да бидат играчите во одреден момент од играта?“, вели Инс.

Тој исто така вели дека би сакал да го набљудува тимот на Солскјер на тренинзи.

„Би сакал да одам да ги гледам една недела на тренинг. Не знам дали играат пет-на-пет, одбојка или тенис. Навистина би сакал да знам што се случува. Да ме покани Оле и да ми каже: ‘Пол, ова го правиме и работиме вака и вака’. Ништо не се гледа кога ќе дојдат мечевите“, вели Инс.

Scroll to Top