Каролине Вознијацки го издржа првиот тежок сет за да ја совлада Каролина Плишкова со 7:6(9)/6:3 и да се пласира во финалето на ВТА финалето во Сингапур и во исто време да и го обезбеди првото место на ВТА листата за 2017 на Романката Симона Халеп.
Победата постигната за речиси два часа повторно ја покажа упорноста на данската тенисерка, и подобрата игра на клучните поени по што 27-годишната Вознијацки ќе игра вторпат во ова големо финале по поразот во 2010 година. Во финалето таа ќе се судри со победникот од второто полуфинале помеѓу Венус Вилијамс и Каролине Гарсија.
„Имавме доста тесни мечеви оваа година и се надевав дека денеска е мојот ред. Одлично е да се биде во ова финале“, вели Вознијацки.
Халеп пак, е 13. дама која ја завршува годината на првото место на ВТА-листата, иако освои само една титула оваа сезона, пополнувајќи го првото место на Серена Вилијамс, која не играше поради бременост.
Триумфот на Романката на Мадрид опен беше нејзина единствена титула во 2017, но фантастичната постојаност значеше дека таа повторно се враќа на првото место по победата над Јелена Остапенко во полуфиналето на Кинескиот опен во октомври. Халеп уште нема освоено гренд слем титула, откако загуби добиен меч токму против Остапенко.