Наполи повторно е лидер во Серија А со ист број на поени како Милан, но со подобра гол-разлика, откако со 3:0 на „Диего Армандо Марадона“ го победија тимот на Болоња за деветти триумф во 10 кола.
Фабијан Руиз постигна прекрасен гол во 18. минута по асистенција на Елиф Елмас за рано водство на тимот на Лучано Спалети, а потоа победата беше потврдена со два гола од пенал на капитенот Лоренцо Инсиње, во 41. минута и 62. минута од мечот.
Елмас, кој беше стартер во тимот, во 75. минута од мечот, кога исходот беше сигурен, беше заменет со белгискиот ветеран Дрис Мертенс.
Standings provided by SofaScore LiveScore