Top Sport

Барселона „падна“ во Тел Авив, Олимпијакос во драма подобар од Фенер

Макаби Тел Авив стана првиот тим кој ја победи Барселона во Евролигата оваа сезона, откако беа просто незапирливи во 85:68 победата над досега непоразениот фаворит.

Џејмс Нанали уфрли 17 поени, Скоти Вилбекин додаде 16, а Дерик Вилијамс заврши со 12 поени за победниците, кои го стартуваа мечот со 31:18 предност по првата четвртина. Гостите успеаја да ја намалат предностас на 11 поени (65:54) на крајот на третата четвртина, но немаа шанси за камбек во лудата последна четвртина.

Кори Хигинс имаше 20 поени, а Никола Миротиќ 17 за Барселона, која сега има 6-1 скор, додека Макаби по четири победи едноподруго има 5-2 скор.

Костас Слукас пак беше човекот на одлука за Олимпијакос да стигне до драматична 67:65 победа над Фенербахче, кои успеаја да се вратат од 13 негатива во последната четвртина, но на крајот потфрлија.

Фенербахче поведе во последната четвртина, пред Слукас да даде 8 од своите 14 поени во последните пет минути, вклучувајќи го и победничкиот кош за драматична завршница. Ова е трет пораз во низа за Фенербахче, и тоа третпат во последните секунди од мечот.

ЕВРОЛИГА, 7.КОЛО

Алба Берлин – Баерн Минхен 69:82 (18:19, 18:18, 19:20, 14:25)

Олимпијакос – Фенербахче 67:65 (19:14, 26:20, 10:19, 12:12)

Макаби Тел Авив – Барселона 85:68 (31:18, 25:18, 9:18, 20:14)

Олимпија Милано – Црвена звезда 79:62 (24:6, 19:21, 19:23, 17:12)

Scroll to Top