Top Sport

Нејмар се налути: Па, што ако сакам да одам на забави

Напаѓачот на Пари Сен-Жермен одговори на критичарите кои сметаат дека не е доволно фокусиран на фудбалот и дека повеќе мисли на ноќниот живот и забавите, велејќи дека не би бил таму каде што е да не работи напорно.

29-годишниот Бразилец вели дека таквите написи во медиумите го иритираат.

„Не би бил на врвно ниво да не сум сериозен со мојот фудбал. Да, излегувам кога ќе можам, кога имам време, и кога имам слободни денови и не гледам во што е проблемот. Нека ме судат за тоа што се случува на теренот. Со мојот живот, си правам што сакам и немаат право да ме судат. Немаше да бидам на ова ниво да не внимавав на физичката подготвеност. Тоа ме иритира. Го сакам фудбалот, тоа ми е најомилената работа во животот. Сакам да бидам запаметен како еден од најавтентичните и искреи фудбалери на светот. Јас сум реален, не кријам ништо“, вели Нејмар.

Scroll to Top