Кристијано Роналдо забележа една победа над својот вечен ривал Лионел Меси, откако го сруши рекордот за најлајкувана фотографија на Инстаграм од еден спортист во историјата на социјалната мрежа.
Шокантниот трансфер на Меси во Пари Сен-Жермен откако цела кариера ја помина во Барселона во август собра неверојатни 22 милиони лајкови досега. На фотографијата се Меси, неговата сопруга Антонела и нивните три деца. Ова беше третпат Меси да постави рекорд, откако фотографијата со трофејот од Копа Америка со Аргентина, негов прв со репрезентацијата, собра 21.9 милиони лајкови, додека заминувањето од Барселона собра 21.2 милиони лајкови. Тие фотографии уште се деветти и десетти на вкупната листа на Инстаграм.
Во четвртокот, пак, Роналдо објави дека очекува близнаци со својата долгогодишна партнерка Георгина Родригез, негово петто и шесто дете, и за 24 часа тој собра повеќе од 27 милиони лајкови.
За споредба, Меси има 278 милиони следбеници на Инстаграм, додека Роналдо има 360 милиони. Според „Хопер ХКју“, Роналдо заработува по 1.6 милиони долари за секој спонзориран пост на Инстаграм.
Но, сепак, и двајцата се победени од јајце. Најлајкуваната фотографија на Инстаграм останува „Јајцето за светски рекорд“ на адвертајзинг гуруто Крис Годфри, намерно поставена за да се сруши рекордот и има неверојатни 55.4 милиони лајкови.