Aрсенал стигна до својата трета победа едноподруго во Премиерлигата, искачувајќи се на петтото место на табелата по 0:2 триумфот на гости кај незгодните Лестер, за да продолжи препородот на тимот на Микел Артета по катастрофалниот старт на сезоната.
Артета беше пред отказ по поразите во првите три меча од сезоната без даден гол, но оттогаш не загуби и полека се враќа довербата во тренерот.
Дуелот со Лестер беше решен многу бргу – Габриел во петтата минута со глава погоди за 1:0, за Емил Смит-Роу во 18. минута да ја круниса одличната игра на гостите во 18. минута. „Топчиите“ исто така треба да му заблагодарат на голманот Арон Ремсдејл, кој во финишот на полувремето одбрани фантастичен обид од слободен удар на Џејмс Медисон.
За Лестер ова е прекинување на низата од четири меча без пораз во Премиерлигата, и тие сега се на 10. место на табелата.