Серхио Агуеро ќе остане во болница неколку дена за да му бидат извршени детални прегледи на срцето.
Аргентинецот, синоќа, го напушти теренот во 41.минута. Тој се пожали дека не може да дојде до здив.
Во текот на денот, Барселона, ја извести јавноста дека Агуеро има аритмија.
„Скај спорт“, објави дека Агуеро на 15-годишна возраст имал операција на срцето, а во 2017 година, во полувремето на пријателскиот меч Аргетнина-Нигерија, колабирал во соблекувалната.
На тој натпревар, Агуеро постигнал гол во првото полувреме, но на полувремето паднал во несвест и бил хоспитализиран. Тогаш беше објавено дека прегледите не покажале никакви сериозни проблеми.