Top Sport

Атлетико убедлив против Бетис

Атлетико славеше победа над Бетис 3:0 во 12.коло. За Бетис ова е прв пораз по три победи бво Примера, додека Атлетико победи по нерешените резултати со Реал Сосиедад и Леванте.

Атлетико, со убедлива игра дојде до победата над Бетис. Домаќините блескаа од почетокот на натпреварот. Домонацијата во првото полувреме ја обележа со гол Караско во 26.минута.

Во вториот дел ВАР го поништи голот на Ермозо во 52.минута. Предност Атлетико ја зголеми во 63.минута кога авто-гол си постигна Пецеља.

Конечните 3:0 ги постави Жоао Феликс во 80.минута.

Доминацијата на Атлетико ја покажува и статистиката, „јорганџиите“ упатија 18 удари кон голот на Бетис, гостите пет пати се обидоа. Во рамките на голот односот е 9:1. Играчите на Атлетико изведоа 12 кронери, Бетис ниту еден.

Атлетико сега се четврти на табелата со 22 бода, два помалку од Реал, Реал Сосиедад и Севилја. Бетис е на петтото место со 21 бод.

Во наредното коло Бетис ќе го игра дербито со Севилја, додека Атлетико ќе гостува во Валенсија.

Scroll to Top