Top Sport

Чилиќ најдобар во Санкт Петербург

Марин Чилиќ го освои турнирот во Санкт Петербург. Хрватот во финалето го победи Американецот, Тејлор Фриц, со 7/6, 4/6, 6/4.

Одличниот прв сет го обележа добрата игра на Чилиќ во тај-брејкот, во кој му препушти на Фриц само три поени.

Вториот донесе серија брејкови, еден повеќе направи Американецот кој успеа да израмни на 1:1.

Решавачкиот момент во третиот сет се случи во четвртиот гем кога Чилиќ на успеа да му го одземе сервисот на противникот.

Титулата во Санкт Петербург е втора сезонава и 20. во кариерата на Чилиќ.

Scroll to Top