Околу повредата на Мохамед Салах и „безмилосниот“ Серхио Рамос се напиша многу по финалето на ЛШ меѓу Реал и Ливерпул, но последните снимки посочуваат дека египетскиот напаѓач можеби сам е виновен за повредата.
Салах доби посериозна повреда на рамото откако падна по еден дуел со Рамос во првото полувреме од мечот, но во египетската репрезентација веруваат дека тој ќе се опорави на време за Мундијалот во Русија.
Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос беше посочен како главен виновник за повредата со зафат кој не е дозволен ниту во џудото, а еден египетски адвокат дури најави дека ќе го тужи Шпанецот за „физичка и ментална штета“ кон Салах и кон целиот Египет.
Сепак, новиот агол на гледање на дуелот покажува дека самиот Салах почнал со „боречкиот зафат“ со Рамос, откако се забележува дека Египќанецот дури ја држи раката на Шпанецот. Проценете сами.
Simple question, who is grabbing hold of who here? pic.twitter.com/ec7F9ai6m7
— Scotto ⚽️ (@1878Scotto) May 29, 2018
Во исто време од Египетската фудбалска федерација потврдија дека Салах ќе биде подготвен за Светското првенство во Русија, откако претходно физиотерапевтот на Ливерпул изјави дека повредата се лекува за четири недели.