Top Sport

Дали Пике го „предал“ Лео Меси?

Каталонскиот весник „Спорт“ тврди дека Лионел Меси бил „предаден“ од Жерард Пике, кој му советувал на претседателот на Барселона, Жоан Лапорта да реши да не го продолжи договорот со Аргентинецот.

Меси беше подготвен да остане во Барса со 50 отсто намалена плата, пред да замине во Пари Сен-Жермен и пред некој ден изјави дека бил навреден од изјавите на Лапорта дека Меси не понудил да игра бесплатно за клубот. Според „Спорт“, Пике му кажал на Лапорта дека „ништо лошо нема да се случи“ ако Меси замине.

Меси вели дека направил се да остане во клубот.

„Како што објаснив кога заминав, направив се што е можно да останам. Никогаш не беше побарано да играм бесплатно, туку само со 50 отсто помала плата и го направив тоа без проблем. Јас и моето семејство сакавме да останеме во Барселона и зборовите на претседателот не беше океј, и не го заслужувам тоа“, објасни Меси.

Scroll to Top