Германскиот тенисер Петер Гојовчик доби казна од 25 илјади евра откако се повлече од мечот во првото коло на Ролан Гарос против Британецот Камерон Нори.
28-годишниот Гојовчик губеше со 6:1/2:0 кога прво побара помош од физиотерапевтите поради повредата на колкот, но по само 41 минута акција тој не можеше да продолжи. Интернационалната тениска федерација (ИТФ) неодамна објави дека сака да осигура тие кои играат на гренд слем турнирите да бидат здрави, а не да се појават само да ги добијат парите од наградниот фонд.
Гојовчик загуби во финалето на Женева опен од Унгарецот Мартин Фучович во неделата, само два дена пред неговиот меч, и според ИТФ тој требало да се повлече пред стартот на мечот и шанса да добие губитник од последното коло на квалификациите.
Поразените во првото коло на Ролан Гарос добиваат 40.000 евра, а според правилата на ИТФ, доколку Гојовчик се повлечеше и препуштеше место на друг тенисер ќе добиеше 20 илјади евра. Сега ќе му останат 15 илјади евра од настапот.
Фото: ЕПА