Top Sport

Зенит со голема победа кај Ефес, Жалгирис падна на 0-8

Актуелните шампиони од Евролигата, Анадолу Ефес продолжија со лошите резултати во новата сезона, губејќи со 79:90 од упорните Зенит Санкт Петерсбург во осмото коло.

Конер Френкемп постигна 18 поени, Били Барон додаде 10 поени и 5 асистенции, за Зенит да стигне до 25:13 предност во втората четвртина, за потоа до крај да остане пред Ефес и да го подобри скорот на 5-3. За тимот на Ергин Атаман, Тибор Плајс имаше 13 поени и 5 скока, Шејн Ларкин додаде 14, но тоа не беше доволно да се подобри скорот, кој сега е само 2-6.

Алба Берлин, пак, предводени од Маркус Ериксон и Оскар да Силва стигнаа до 79:71 победа во Каунас над Жалгирис, праќајќи го литванскиот клуб на катастрофални 0-8 оваа сезона, за да останат единствениот тим без победа во Евролигата.

Ериксон заврши со 16 поени, Да Силва имаше 15 за Алба, додека за тимот на Јуре Здовц, Тајлер Кавано заврши со 17, а Јанис Стрелникс со 16 поени.

ЕВРОЛИГА, 8.КОЛО

Анадолу Ефес – Зенит Санкт Петерсбург 79:90 (20:22, 13:25, 18:26, 28:17)

Жалгирис – Алба Берлин 71:79 (10:22, 27:19, 15:21, 19:17)

Олимпијакос – Монако 86:65 (17:27, 18:11, 24:14, 27:13)

Басконија – Макаби Тел Авив 69:87 (14:21, 21:23, 19:19, 15:24)

Scroll to Top