Top Sport

Икарди има 70 милиони причини да го спаси бракот

Ванда Нара и Мауро Икарди, ги полнат страниците на жолтиот печат. Нивниот брак полека се претвори во „шпанска серија“. Тие двајца беа пред две недели беа пред развод. Икарди за да си го спаси бракот дури и не тренираше и не играше натпревари за ПСЖ.

Откако се смирија, Ванда Нара откри дека нејзиниот сопруг не ја прекинал комуникацијата со аргентинската актерка, Ехуненија Чина Суарез. Наводно, од играчи од репрезентацијата на Аргентина ги добила видео-снимките кои Чина Суарез му ги испраќала на нејзиниот сопруг.

Ова веројатно ќе стави крај на нивниот брак. Ванда Нара повторно со децата го напуштила Париз и се вратила во Милано.

Новинарката Дебота Д’Амато, пресметала дека во случај на развод, Ванда Нара ќе му ги собере сите пари на Мауро Икарди. Се работи за сума од околу 70.000.000 евра.

„Луксузни автомобили и недвижнини се во нејзини раце. Имаат седум автомобили и пет куќи во Италија и Аргентина“, пишува Д’Амато.

Покрај тоа што му е менаџерка на сопругот, Ванда Нара ги поседува и правата на спортскиот имиџ на Икарди. Таа дава дозвола кога неговиот лик може да се користи во комерцијални цели и секако доа дебело го наплатува.

Јасно е дека Икарди има најмалку 70 милиони причини да го спаси бракот.

Scroll to Top