Бруклин Нетс, на 30 годишнината од смртта на Држан Петровиќ, би можеле да одиграат натпревар против Хрватска во Загреб. Ова за државната телевизија го откри мајката на „кошаркарскиот Моцарт“, Бисерка Петровиќ.
Животот на Дражен Петровќ прерано згасна на 7.јуни 1993 година, на авто-патот кај Денкендорф во Германија. Тој ден хрватската и светската кошарка останаа без еден од најдобрите играчи во историјата. Бруклин Нетс, никогаш не го заборавија својот великан.
„Во преговори сме со нив. Морам да одам до Њујорк, до седиштето на НБА лигата. Не се како нас, не може се да се заврши во два дена. Бараат детален план. Се надевам дека ќе успееме“, рекла Бисерка Петровиќ, потенцирајќи дека планот се уште се разработува.
„Ќе им ја препуштиме организацијата, многу работи ќе зависат и од коронавирусот. Не сакаме да се врзуваме за одреден датум, неговиот роденден (22.октомври) или годишнината на смртта (7.јуни), нека биде кога ќе им одговара на Бруклин. Но на 30 годишнината од смртта мора да се организира нешто големо“.