Петочниот меч од шпанската прва лига донесе историски момент, кога на парагвајската ракометна ветеранка, Марица Фарија и се оствари сонот да игра заедно со својата ќерка, Јерути Фарија
38-годишната Фарија, ракометарка на Ла Калзаде, е постојан првотимец, додека нејзината 16-годишна ќерка Јерути влезе во игра во 55. минута од мечот, и постигна гол од пенал.
„Уште во 2018 година кажав дека мојот сон е да играм со мојата ќерка, и секогаш знаев дека тоа ќе се оствари. Бев нервозна, но кога ја видов на паркетот тоа беше нешто најубаво што ми се случи во животот“, изјави Фарија, откако одигра неколку минути заедно со својата ќерка во одбраната и во нападот.
Тинејџерката вели дека е горда на остварувањето.
„Беше неверојатно да се игра со мојата мајка во ваков тежок меч, кој во исто време се даваше во директен пренос“, вели Јерути.