Новиот тренер на Барселона, Чави, од екипата отпишал шестмина играчи. Петмина можат да си одат во јануари, а Лук Де Јонг ќе биде вратен во Севилја. Во исто време, Чави, работи со клупските челници на можните засилувања.
Бразилците тврдат дека, Чави ќе го врати во клубот поранешниот соиграч, 38-годишниот Дани Алвеш. Втор кој треба да се врати во Барселона е Франциско Тринкао.
21-годишникот оваа сезона игра како позајмен фудбалер во Вулвархемтон.
Барселона, за младиот Португалец, на Брага и плати 31 милион евра. Вулвс имаат можност да го откупат неговиот договор за 30 милиони евра.
Чеви смета дека Тринкао се вклопува во неговата тренерска филозофија. Побарал клубот да го врати на „Ноу Камп“, во зимскиот преоден рок.
Вулверхемптон за позајмицата на Тринкао платиле шест милиони евра. Доколку Тринкао се врати во Барселона, клубот ќе мора му испали засега непозната сума на англискиот клуб.