Серхио Кун Агуеро би можел да стави крај на блескавата кариера. Аргентинецот има проблем со срцето, поради што ќе отсуствува од фудбалските трени најмалку три месеци. Агуеро, минатото лето, како слободен играч од Манчестер сити се пресели на „Ноу Камп“.
Пред нешто повеќе од две недели, Агуеро, се пожали на болки во градите, во текот на натпреварот со Алавес. Деталните прегледи открија дека тој има срцева аритмија.
Додека е на пауза, лекарите детално ќе ја следат неговата здравствена состојба. Дури потоа ќе процента дали тој ќе може да му се врати на фудбалот.
Шпанските медиуми пишуваат дека постои одредена доза на песимизам, кога е во прашање здравствената состојба на 34-годишниот напаѓач. Не е исклучено тој и да ја заврши кариерата.