Top Sport

Исландскиот селектор: Дојдовме во Скопје за да ви ја расипеме забавата

Македонската фудбалска репрезентација утре од 18 часот ја има последната пречка во квалификациите а пласман на Мундијалот во Катар идната година. Избраниците на Благоја Милевски сами одлучуваат за својата судбина, па со победа против селекцијата на Исланд која нема никакви шанси за пласман на СП, Македонија ќе игра во баражот за пласан на Мундијалот.

На денешната прес-конференција во Скопје, селекторот на „рибарите“ Арнар Видарсон растоварен од притисокот за позитивен резултат вели дека фудбалерите од Исланд во Скопје дошле за да и ја расипат забавата на Македонија.

„Знаеме дека за Македонија ова е многу важен меч. Но, ние секогаш сме мотивирани кога играме против Македонија, затоа што сакаме секогаш да се покажеме во добро издание против селекција кога играла на Европско првенство. Ви посакуваме среќа утре, но ние сме тука за да ви ја расипеме забавата. Сигурен сум дека сите во нашиот тим се мотивирани. Секој квалификациска натпревар за нас е важен, посебно сега кога формираме нов тим на млади играчи. Не е воопшто прашање дали имаме шанси за успех, туку единствено е важно да одиграме максимално. Според мене, шансите на утрешниот натпревар се исти, затоа што Македонија има квалитети, но има и свои недостатоци кои ние ќе се обидеме да ги искористиме“, изјави селекторот Видарсон.

Натпреварот на арената „Тодор Проески“ почнува утре во 18 часот.

Scroll to Top