Кристијан Лосен, ММА фајтерот со скор 9-2, на Инстаграм објави дека морал да оди на операција за отстранување на еден тестис по несреќа на тренинг.
„Вчера беше тешко, на тренинг ми се скина левиот тестис од удар со колено, и мораше хируршки да ми биде отстранет. Благодарам на сите кои ми помогнаа во болницата. Сега сум добро и се опоравувам. Докторот ми кажа дека нема да загубам тестостерон ниту можност да имам деца. Ако го загубам и другиот тестис, тогаш ќе биде поинаку, така што ако ме удрите во другиот тестис веќе не сте ми пријател“, напиша Лосен на Инстаграм.
View this post on Instagram