Новиот тренер на Барселона, Чави ќе се обиде да ги донесе ѕвездите на Челси, Кристијан Пулишиќ, Хаким Зијеш и Калам Хадсон-Одои, тврди каталонскиот весник „Спорт“, посочувајќи дека тројцата би сакале да заминат од „Стемфорд бриџ“ за да почнат нова ера на каталонскиот клуб.
Тројцата споменати фудбалери се мачат за минутажа под Томас Тухел, кој има доста опции во нападот во Ромелу Лукаку, Тимо Вернер, Каи Хаверц и Мејсон Маунт.
23-годишниот Американец Пулишиќ вообичаено е дел од стартниот тим, но во последно време се бори со повреди и има само 5 минути игра во Премиерлигата оваа сезона. 28-годишниот Зијеш, пак, вкупно одигра 181 минути за Челси, додека 21-годишниот Хадсон-Одои е најредовен со 385 минути и со еден гол при 7:0 победата над Норич.
Бидејќи во Каталонија се мачат со буџетот, тие се подготвени за позајмици и за постојани трансфери.