Дани Алвеш вели дека со новото облекување на дресот на Барселона ќе чувствува како суперхерој по емотивното враќање на „Ноу Камп“.
Иако има 38 години, а откако си замина од Каталонија по шест сезони во 2016 година, бразилскиот десен бек ја доби довербата на неговиот поранешен соиграч, а сега тренер на клубот, Чави и тој сега вели дека и покрај сите проблеми, Барселона останува најдобриот клуб на светот.
„Се обидував да се вратам дома долго време. Двапати се обидов, но не беше возможно. Сега, имам задоволство и привилегија да се вратам во клубот. Секогаш велев дека два дреса ме прават да се чувствувам како суперхерој – тој на бразилската репрезентација и тој на Барселона. Тоа ми дава сила и адреналин и ќе го покажам тоа. Најубавите фудбалски сеќавања ми се тука од Барселона, тука ми е домот, најблиските роднини ми се тука, така што не е чудно што се вратив. Секогаш мораме да веруваме дека сме Барселона, најдобриот клуб на светот. Можеби тоа некому звучи како демагогија, но знам што зборувам – Барселона е најдобриот клуб на светот, Барселона е уникатна.“, вели Алвеш, кој има одиграно 391 натпревар за Барселона.
¡La alegría de estar de vuelta! ?@DaniAlvesD2 la pasa bien en su primer día de regreso al Barça. ??
?: @FCBarcelona pic.twitter.com/w1oASk7mnB
— TNT Sports México (@tntsportsmex) November 15, 2021
Reencuentros especiales ? pic.twitter.com/FiXOQ88pQs
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) November 15, 2021