Хорхе Лоренцо по многу маки со мотоциклот на Дукати во година и пол колку што е во италијанскиот тим, стигна до славна победа на Италијанското ГП во Муџело користејќи го падот на шампионот Марк Маркез.
Асот на Хонда, Маркез беше лидер по три кругови од трката, но неговото излетување остави простор Лоренцо да биде дури по секунда побрз од конкуренцијата во финишот на трката, користејќи ги перформансите на гумите на „Мишелин“ да направи шест секунди предност пред колегата Андреа Довициозо, додека Валентино Роси ја воодушеви домашната публика со последното место на подиумот, негово прво по три сезони.
Look at what it means to @lorenzo99 ?
It’s been a long time coming, but the first @DucatiMotor win is in the bag!#ItalianGP pic.twitter.com/lCfauvfvmS
— MotoGP™??? (@MotoGP) June 3, 2018
Оваа победа сигурно ќе го намали притисокот на трикратниот светски шампион Лоренцо, кој како и многу возачи пред него не успеа да го „скроти“ мотоциклот на Дукати минатата сезона кога беше донесен како големо засилување, а неговиот колега Довициозо се бореше со Маркез за титулата.
Ситуацијата отиде дотаму што се става под прашалник неговата иднина во Дукати, посебно со толку скап договор, и Сузуки веќе најави дека би можеле да направат место за него следната сезона. Сепак, ако продолжи вака, Лоренцо сигурно ќе ги зголеми шансите за останување во италијанскиот тим.
Маркез по падот успеа да се врати на мотоциклот, но со својата Хонда дојде само до 16. место во трката.
Последната трка на која победи Лоренцо беше во Валенсија во 2016 година, кога уште возеше за тимот на Јамаха. Неговиот поранешен колега, Валентино Роси, е првиот возач во историјата кој надминал 5.000 поени во кариерата.
It wasn’t a win but home hero @ValeYellow46 is PUMPED to take the podium at the #ItalianGP pic.twitter.com/Yr4bpbmPgv
— MotoGP™??? (@MotoGP) June 3, 2018